Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две победи за генер. 2005 на третиот пролетен турнир во фудбалската “Јуниор лига“ која се играше во Охрид
Две победи за генер. 2005 на третиот пролетен турнир во фудбалската “Јуниор лига“ која се играше во Охрид

Две победи за генер. 2005 на третиот пролетен турнир во фудбалската “Јуниор лига“ која се играше во Охрид

Денеска беа одиграни натпревари од фудбалската “Јуниор“ лига. Домаќин на третиот пролетен турнир беше градот Охрид, на кој настапија генерации родени од 2003-2006 година. Свој настап имаше и фудбалскиот клуб на Вардар, генерација родени “2005“ година. Избраниците на Зоран Петковски одиграа два натпревари и на двата забележаа победи.

Во првиот дуел  нашите млади надежи родени 2005 година  се сретнаа со  екипата ФК Евро фудбал 2-Вардар од Охрид  која ја совладавме со убедливи 7:0. Доминантна игра на нашите млади надежи, кои прикажаа добра игра во текот на целиот натпревар и бевме подобри во сите аспекти на фудбалската игра.  Стрелци на головите беа: Никола Величковски (3), Филип Јовановски, Зоран Фидановски, Ѓорѓи Дошев и Тино Спасиќ.

Веднаш после завршување на овој дуел, нашите млади надежи одиграа натпревар и со екипата на ФК Прилеп. И тука бевме подобри од противникот, славејќи триуф со резултат 3:2. Три различни играчи беа стрелци на головите и тоа : Дарко Сековски, Филип Јовановски и Никола Величковски за кој ова беше четврти погодок денес.

Оваа генерација продолжува триумфално викендов од како вчера на терените на ФК Работнички во градскиот парк фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2005“ забележаа една  убедлива победа во детската лига, а вториот меч со ФК Шкупи го добиа службено бидејќи противникот не се појави. Избраниците на Зоран Петковски однесоа победа со врсниците од ФК Фортуна со високи 7-2.