Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар одигра реми со Шкендија, како лидери влегуваме во плеј-офот
Вардар одигра реми  со Шкендија, како лидери влегуваме во плеј-офот

Вардар одигра реми со Шкендија, како лидери влегуваме во плеј-офот

Денес од 16-00 часот на националната арена “Филип втори“ се одигра дерби мечот од 27 коло помеѓу Вардар и Шкендија. На истото двете екипи одиграа реми 1-1 по кое ние со два бода влегуваме како лидери во престојниот плеј-офф, а на полувреме резултатот беше 1-1.  Седлоски стартуваше со следниве: 90. Гачевски, 3. Попов, 6. Грнчаров, 10. Дашјан, 16. Глигоров, 18. Ќеран, 20. Николов, 21. Новак, 70. Фелипе, 77. Брдаровски, 99. Којашевиќ.

Прв удар на мечот имаше Ибраими во 3 минута. Следната минута се обидовме преку Дашјан чив удар Захов го исфрли во прв корнер за Вардар. Вардар во првите минути од мечот врши притисок имаме шанса преку Ќеран кој шутна по земја, а Захов прифати. Потоа се обидовме и преку Николов со удар од 25 метра во 12 минута. Гостите имаа во продолжение две убави прилики првин погоди статива, а подоцна од слободен удар го натфрли голот повторно Ибраими во 24 минута. Вардар тргна да постигне гол и имавме двојна шанса во иста акција но Фелипе и Којашевиќ не успеваат да погодат во 28 минута. По оваа шанса следеа пет минути со мирен фудбал на средината од теренот без поголеми возбудувања. Се играше 35 минута по одлично нафрлување реализира за нас Фелипе кој погодува за 1-0 и голема радост на Јужната трибина каде се Комити и обичната публика денес стационирани. За жал по три минути по една кардинална грешка на Николов кој ја изгуби топката која дојде до Алими, кој го совлада  Гачевски. Се обидовме до крајот да поведеме повторно, но не успеавме во 40 минута Николов со глава шутна над пречката од како одлево центрираше Попов.

Вториот дел почна со релативно мирна игра во воведните минути кога двете екипи повеќе мислеа на својот гол одколку на противничкиот. Дашјан добива топка во празно во 52 минута, но Захов е за дел од секунда побрз од него. Прва замена во Вардар во 55 минута на местото на Бобан Николов во игра влезе Стефан Спировски.  Првата третина во вториот дел не донесе посебни возбудување и шанси пред двата гола на црвено-црните ривали за титулата.  Во 64 минута Фелипе нафрли одлично  од десно во шеснаесетикот  на гостите, но одбраната на тетовчани исфрла во поле. Во 65 минута Грозданоски влегува на место на Дашјан. Нововлезениот Положани во 66 минута се обиде од 25-30 метра но топката мина крај голот на Гачевски, а Ибраими минута потоа ја погодува мрежата од надворешна страна со убав удар. Голема шанса за Ќеран во 69 минута од 18 метри ја погодува гредата од голот на Захов. Се обидуваме да бидеме офанзивни но нашите обиди се јалови. Седлоски конечно се одлучува да внесе класичен шпиц од клупата Ивановски го менува Ќеран во 80 минута. Голема шанса за гостите Ибраиме одлично шутна од 20 метра во 86 гачевски исфла атрактивно во корнер. Во 90 минута на носилки изнесен нововлезениот Ивановски. По овој момент за само 60 секунид главниот судија Јакимовски Дејан свири крај на дербито.