Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на Вардар со “камата“ им наплатија на Делчево и со триумф го завршија регуларниот дел од сезоната
Младинките на Вардар со “камата“ им наплатија на Делчево и со триумф го завршија регуларниот дел од сезоната

Младинките на Вардар со “камата“ им наплатија на Делчево и со триумф го завршија регуларниот дел од сезоната

Младинките на ракометниот клуб Вардар со победа го завршија регуларниот дел од сезоната во првенството. Денес во спортскиот ракометен центар Кале, избраничките на Билјана Пецевска беа подобри во дуелот со екипата на Делчево, која беше наш должник од есенскиот дел на сезоната.

Убедлива и задоволителна игра за нашите младинки, кои не му дадоа никаква шанса на противникот да се надигрува. Започнавме со брзо темпо на игра, на кое Делчево тешко парираше на таквата наметната игра од Вардарки. Веќе по првите 6 минути, имавме водство од 6:1. Расположените во напад Георгиевска, Божиноска Иванова, како и крилото Николовска ни овозможуваа брзи погодоци, додека во одбраната игравме беспрекорно. Јована Мицевска повторно беше на ниво на задачата со голем број на одбранети удари за едно полувреме. Оваа позитива од пет голови ја одржувавме до средината на првото полувреме, кога со серија од неколку погодоци успеваме да зголемиме и на 11:4. До крајот на првото полувреме само ја зголемувавме предноста, дури стигнавме и до двоцифрена предност од 16:6. На полувреме резултатот гласеше 17:8 во наша корист.

vardarfans mladinki rk vardar

Во вториот дел предводникот од клупата на Вардарки, Билјана Пецевска им даде можност за настап на сите ракометарки кои беа на располагање за овој меч. Овој период од играта го отворивме со два гола, за водство од 19:8. Оваа разлика се одржуваше до крајот на натпреварот, Делчево успеваше на моменти да ја симне двоцифрената негатива, но Вардарки не дозволуваа долго да трае. Во второто полувреме на голот застана и Олгица Костовска. Во еден момент имавме водство и од највисоки 13 голови разлика (29:16). До крјаот рутинирано го приведовме натпреварот во наша корист, забележувајќи убедлив триумф со резултат 34:23. Ова беше последно коло од регуларниот дел на сезоната, каде завршивме на второто место на табелата. Сега не очекува завршниот турнир на најдобрите четири екипи.

Повторно најефикасна во нашиот состав беше Ива Божиноска со 8 голови, додека Ана Иванова додаде 5. По 4 постигнати голови имаа Ивана Стојмановска, Моника Георгиевска и Бојана Пецевска.