Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две победи за генер. “2003“ на третиот пролетен турнир во фудбалската “Јуниор лига“
Две победи за генер. “2003“ на третиот пролетен турнир во фудбалската “Јуниор лига“

Две победи за генер. “2003“ на третиот пролетен турнир во фудбалската “Јуниор лига“

Денеска беа одиграни натпревари од фудбалската “Јуниор“ лига. Домаќин на третиот пролетен турнир беше градот Охрид, на кој настапија генерации родени од 2003-2006 година. Свој настап имаше и фудбалскиот клуб на Вардар, генерација родени “2003“ година. Избраниците на Ане Андовски одиграа два натпревари и на двата забележаа победи.

Најпрво одигравме меч со екипата на Ново Лисиче, која ја совладавме со убедливи 7:0. Доминантна игра на нашите млади надежи, кои прикажаа добра игра во текот на целиот натпревар. Стрелци на головите беа Петре Тасевски (2), Марио Петрушевски, Андреј Стојчевски, Александро Прелоговски, Иван Пашариковски и Влатко Стојановски.

Веднаш после завршување на овој дуел, нашите млади надежи одиграа натпревар и со екипата на ФК Прилеп. И тука бевме подобри од противникот, славејќи триуф со резултат 3:0. Три различни играчи беа стрелци на головите. Леон Андрески, Андреј Стојчевски и Филип Ѓорѓиевски се запишаа во листата на стрелци на овој натпревар.

После вчерашната победа во детската лига и убедливото издание во дуелот со екипата на Македонија Ѓ.П, младите Вардарци продолжуваа со добри игри и во јуниор лигата, навестувајќи дека се наоѓаат во одлична форма.