Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Будимир и Алушевски ги поделија бодовите, пионерите на Вардар и Работнички одиграа со нерешен резултат
Будимир и Алушевски ги поделија бодовите, пионерите на Вардар и Работнички одиграа со нерешен резултат

Будимир и Алушевски ги поделија бодовите, пионерите на Вардар и Работнички одиграа со нерешен резултат

Во спортскиот ракометен центар Кале се одигра натпревар во машка пионерска конкуренција. Пионерите на РК Вардар и Работнички ги поделија бодовите, откако натпреварот заврши со нерешен резултат 21:21.

Избраниците на Андријана Будимир испуштија победа на овој меч, ако се земе предвид дека имаа водство во текот на целиот натпревар. Работнички само еднаш успеаа да го израмни резултатот, што на крај им донесе и бод од овој меч. Вардарци одлично го започнаа натпреварот со водство од 4:0. Противникот на првиот гол чекаше до 5 минута, кога погоди со удар од седум метри. Следеше нова серија на нашиот состав од три последователни гола, за веќе високи 7:1. Делувавме супериорно во сите правци на играта, нападот беше разновиден а одбраната непробивна за играчите на Работнички. На моменти гостинскиот тим успеваше да ја намли негативата, но ние враќавме во иста мерка. Противникот успеа да се доближи на четири гола негатива (12:8), но Вардар ги постигна последните голови од првиот дел, за на одмор да замине со предност од 14:8.

vardarfans

Добро го започнавме и второто полувреме со наш погодок, за враќање на оние највисоки 15:8, но од тие моменти следеше несфатлив пад во играта на црвено-црните. Работнички успева да направи серија од 0:5 и да дојде до негатива од само два погодоци 15:13. Будимир повика тајм-аут што донесе смиреност во нашата игра во наредните неколку минути. Повторно успеваме да се одлепиме на солиднов водство, имавме резултат од 17:13 и 19:15. Како се ближеше крајот, стануваше се понеизвесно, а Работнички ја топеше нашата предност. Ние влеговме со плус два гола во псоледните 2 минути, имавме водство од 21:19, кое не успеавме да го зачуваме до крајот. Противникот не само што успеа да израмни, туку имаше и можност да поведе, откако имаше последен напад. Сепак им беше досудена пасивна игра, по што им беше одземена топката. останаа уште само неколку секунди за наш напад, но Работнички направи брз фаул што значеше крај на овој меч. Работнички на клупата беше предводен од Стевче Алушовски.

Во нашите редови се истакнаа Бојан Чакалиќ со 9 и Никола Жерновски со 5 постигнати голови.