Судијата од Азербеџан, Алијар Агхајев ќе биде главен арбитер на натпреварот в четврток во кој нашиот ФК Вардар ќе го дочека шпански Реал Сосиедад во рамки на третото коло во групата Л во Лига Европа.
На Ахгхајев ова ќе му биде втор меч на кој ќе им суди на црвено-црните, тој претходниот пред три години им донесе среќа. Тој ја делеше правдата на гостувањето на Кипар, кога Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите ремизираше 0-0 кај фаворизираниот кипарски првак АПОЕЛ.
На азербејџанецот во черврток ќе му помагаат неговите сонародниците Зејнал Зејналов и Рза Мамадов, а дополнителни судии зад головите се Рахим Хасанов и Орхан Мамадов. Четврти судија на мечот е Мубариз Хашимов.