Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нема одмор за вардарци, утре го пречекуваме ППД Загреб во дуел од СЕХА лигата
Нема одмор за вардарци, утре го пречекуваме ППД Загреб во дуел од СЕХА лигата

Нема одмор за вардарци, утре го пречекуваме ППД Загреб во дуел од СЕХА лигата

Во групите А и Б во ЕХФ Лигата на шампионите на првите две позиции се ланските финалисти од СЕХА-лигата. Европскиот  првак, Вардар има девет бода во групата А, а  во група-Б  ист број на бодови има Веспрем. Следува пауза во шaмпионската лига, но вардарци немаат многу време за одмор бидејќи веќе утре играат натпревар во регионалното натпреварување, СЕХА Гаспром лигата.

Утре, вторник 17-ти октомври тимот кој е шампион во СЕХА лигата, Вардар го пречекува хрватскиот првак екипата на ППД Загреб. Оваа екипа гостуваше во Спортскиот центар “Јане Сандански“ и во дуел од ЕХФ Лигата на шампионите, во тој дуел вардарци дојдоа до сигурна и лесна победа. Натпреварот утре се игра со почеток во 17 часот и 30 минути. По четири кола во СЕХА , вардарци се лидери со 12 бода, зад нас се загребчани со дури пет помалку. Во утрешниот дуел како во претходниот од европската елита влегуваме како голем фаворит за нова победа и продолжување на низата без пораз.

Следен предизвик во СЕХА не очекува за четири дена, ние на 21-ви месецов гостувавме во Словенија кај екипата на Целје, тој дуел ќе се игра со почеток од 17 часот и 45минути.