Македонија Ѓорче Петров го претстави своето најголемо засилување за ова лето. Се работи за поранешниот играч на Вардар, Дејан Блажевски кој во новата сезона ќе треба драстично да го засили нападот на тимот од Ѓорче.
Популарниот Шиле се чини дека ќе биде подготвен за настап против Вардар во недела. Покрај него, стратегот на „лавовите“ нема да може да смета на одличниот офанзивец Дејан Тантуровски кој се здоби со повреда.
Дуелот на Вардар и Македонија Ѓорче Петров ќе биде одигран во недела со почеток од 17-30 часот на теренот на ФФМ.