Вчера на “Градски“ црвено-црниот гигант ФК Вардар во ја прослави освоената 10-та титула во својата 69 годишна историја. Нивната верна сенка КОМИТИ ЗАПАД беа неодминлив декор на мечот. Најверните ги бодреа 90 минути својте миленици.
По крајот на мечот сите заедно доле на атлетската патека се радуваа на големиот пехар кој му припадна на најдобриот во мак фудбалот за сезоната 2015/2016. Потоа од како заеднички славеa играчите им го остапиа пехарот на нивниот “дванаесети играч“ Комити кои го понесоа на трибината од каде го бодрат секогаш Вардар.