Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на Металург со четири играчи од првиот тим, до минимална победа против Вардаровите младинки
Младинките на Металург со четири играчи од првиот тим, до минимална победа против Вардаровите младинки

Младинките на Металург со четири играчи од првиот тим, до минимална победа против Вардаровите младинки

Женското ракометно дерби во младинската лига, им припадна на екипата на Металург, која во спортската сала во населбата Автокоманда беше подобра од младинките на Вардар. Домашниот тим до триумф стигна во псоледните десет минути, иако мора да се напомене дека во нивниот состав имаа четири ракометарки од првиот тим.

Металург го отвори натпреварот со два постигнати гола, но во следните седум минути следиме серија на Вардарки од 1:5, за водстсво од 3:5. Успеавме да стигнеме и до три гола позитива 4:7. Имавме можност да гледаме квалитететен и израмнет натпревар на двете страни. Како одминуваше првото полувреме, домашната екипа полека ја топеше нашата предност. На шест минути пред крајот резултатот беше израмнет на 8:8. Сепак последните два погодоци од првиот дел им припаднаа на Металург, по што на одмор се замина со резултат 11:9.

Ниту во второто полувреме не се предадовме, на против младите Вардарки одиграа максимално мотивирано и борбено за секој погодок. Следиме ново израмнување на мечот од 12:12, по што Металург враќа во иста мера, за повторно да ги врати највисоките два гола предност до тие моменти од 14:12. Иако домашниот тим настапи на овој меч со четири играчи од својот прв тим, нашите девојки продолжија да ја играат својата игра, што им донесе ново израмнување на 15:15. Сепак последните десет минути од мечот им припаднаа на повозрасните и поискусни девојки од автокоманда, кои со серија од неколку погодоци поведоа со највисоки 20:16. Вардар успеа да се врати во мечот со два последователни гола, а последниот погодок беше дело на Металург, за конечни 21:18. Најефикасна беше крилото Анастасија Николовска со 5, додека Ива Божиноска додаде 4 погодоци.

И покрај поразот може слободно да се каже дека ова е одлично достигнување за нашите младинки, кои играа на гостински терен против екипа која беше засилена со четири ракометарки од првиот тим. Дабевска, Серафимова, Петковска и Цаневска се играчите  кои беа дел и од мечот против Вардар Јуниор во средата. До крајот на плејофот остануваат уште три кола за одигрување. Ништо не е е решено околу прашањето за новиот шампион, кој ќе се решава во последното коло на Кале.

Вардар: Костовска, Китановска, Божиноска 4, Николовска 5, Стамова, Стојмановска, Колевска, Мицевска, Карчева, Георгиевска 1, Станиќевска, Тодоровска 1, Пецевска, Костадиновска 2, Филипоска 2, Иванова 3.