Сезоната заврши, па сега сите погледи Вардарци ќе ги насочат кон квалификациите за Лигата на шампионите. Управата на Вардар уште од денеска треба да се ”фрли во лов” на нови играчи, кои драстично би ја подобриле играта. Ждребот за ЛШ е на 20 јуни, исто како и минатата, така и оваа година, Вардар ќе биде неносител во ждребот, и ќе добие противник од носителите. Можните противници на нашиот тим во второто квалификациско коло се:
Салцбург, Селтик, АПОЕЛ, БАТЕ Борисов, Динамо Загреб, Карабах, Розенборг, Астана, Црвена Звезда, Легија, Динамо Тбилиси, Хапоел Бер Шева, Скендербег, Лудогорец, Олимпија Љубљана и Копенхаген. Според рејтинзите овие тимови би требало да бидат можни противници на нашиот Вардар.