Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ќе одигра и против Марибор и Матерсбург

Вардар ќе одигра и против Марибор и Матерсбург

Вардар го договори и вториот пријателски натпревар на подготовките во Австрија. В сабота нашиот првак ќе одигра пријателски меч со шампионот на Словенија, екипата на Марибор.

Овој натпревар ќе се одигра в сабота (24 јуни) со почеток во 18 часот во Горња Радгона (Словенија). Овие два тима и минатите подготовки одиграа тест меч, тој натпревар му припадна на Марибор кој победи со резултат 2:1.

Покрај дуелот со Марибор, Вардар го договори и третиот пријателски натпревар. Тоа ќе биде уште едена екипа од австриската прва лига. Станува збор за тимот на Матерсбург. Против овој тим ќе одиграме на 28 јуни – среда.