Tuesday ,13 April 2021
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Замената на ваучери за ЛЕ со електронски картички ќе се врши до крајот на оваа недела
Замената на ваучери за ЛЕ со електронски картички ќе се врши до крајот на оваа недела

Замената на ваучери за ЛЕ со електронски картички ќе се врши до крајот на оваа недела

Фудбалскиот клуб Вардар дозволи замената на ваучерите со електронски картички да се продолжи, па така таа ќе трае цела оваа недела. По барањето на фановите, замената ќе трае до 08.10.2017 година и ќе се одвива во просториите на фудбалската Академија на ФК Вардар (позади источната трибина) секој ден од 10 до 18 часот.

Овој потег е по барање на навивачите кои не успеале до сега да ги заменат истите, но ќе мора да бидат заменети со оглед дека со истите ќе може да се влегува на идните натпревари против Реал Сосиедад и против Розенборг. Влез со ваучери нема да биде дозволен.

Напомена: Во тек и продажбата на единечни билети за натпреварите со Реал Сосиедад и со Розенборг.