Двајца играчи на фудбалскиот клуб Вардар се дел од младинската репрезентација до 17 години, на квалификацискиот турнир кој се игра во Скопје, за пласман во елитната фаза.
Во текот на вчерашниот ден, Македонија го одигра првиот натпревар, а противник ни беше селекцијата на Босна и Херцеговина. Одигравме само со нерешен резултат, без голови 0:0. Во стартниот состав на селекторот Горан Станиќ за овој дуел беа голманот на Вардар, Матеј Андов како и напаѓачот на младинскиот состав, Џемал Ибиши.
Во група се наоѓаме уште со селекциите на Словачка и Молдавија. Следниот натпревар го играме на 5-ти октомври против селекцијата на Словачка, со почеток од 15:00 часот.