Девојките од тимот на ЖРК Вардар на крајот на октомври ќе играат на вториот турнир од Регионалната ВРХЛ лига, чиј домаќин ќе биде екипата на Крим во Љубљана. Овој втор турнир ќе се одигра во паузата на натпреварите од ЛШ кои нашите девојки ги стартуваат веќе во петок во “Јане Санднански“.
Избраничките на Дибирова кои се актуелни победнички на ВРХЛ лигата, на 27 октомври се среќаваат со тимот на Крим Меркатор (18,45 часот.) Во следното коло, на 28 октомври ќе играме со Будуќност, во 16-00 часот.
По првите два натпревари од новата сезона во ВРХЛ лигата, Вардар има две победи.