Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Аце Станковски се враќа во Вардар Јуниор, како помошен тренер на Стојан Петрушевски
Аце Станковски се враќа во Вардар Јуниор, како помошен тренер на Стојан Петрушевски

Аце Станковски се враќа во Вардар Јуниор, како помошен тренер на Стојан Петрушевски

Поранешниот помошник на клупата на ЖРК Вардар, Аце Станковски се враќа во стручниот штаб на екипата на Вардар Јуниор како асистент на Стојан Петрушевски. Од почетокот на минатата сезона Станковски беше дел од стручниот штаб на ЖРК Вардар, најпрво како помошник на Индира Кастратовиќ, потоа и на Давид Дејвис и Ирина Дибирова. По назначувањето на Гарсија Парондо, се направи вишок во ЖРК Вардар, па од вчера Станковски не е дел од тимот.

И пред да дојде во ЖРК Вардар, Станковски работеше заедно со Петрушевски во Вардар Јуниор, така да повеќе од доволно се познаваат двајцата тренери. Нивна главна цел е да создаваат млади квалитетни ракометари, кои би добиле можност да играат за првиот тим на Вардар.