Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки броеа до 57 против Овче Поле
Вардарки броеа до 57 против Овче Поле

Вардарки броеа до 57 против Овче Поле

Екипата на Вардар ја забележа и втората победа во новата сезона во ракометната лига. Вчера девојките на Дибирова како на тренинг високо го поразија тимот на Овче Поле со резултат 13-57.

Ова беше прва педесетка за Вардарки во новата сезона, минатата сезона тимот на Вардар на неколку наврати им даваше над 50. голови на своите противници. Само еднаш противникот го израмни резултатот и тоа на стартот за 1:1, по што следеше серија на Вардарки од 1:6 за веднаш да се одлепат на водство од 2:7. Овче Поле одржуваше каква таква рамнотежа до резултат 5:10, кога Вардарки со нова голема серија од осум последователни погодоци имаа високи 5:18. До крајот на првото полувреме, условно домаќинот на оваа средна постигна само 2, наспроти 11 погодоци на црвено-црните, за на полувреме да се замина со наша висока предност од 7:29. И второто полувреме го започнавме со серија од 0:5, за веќе резултат 7:34 на семафорот. На еден гол на Овче Поле, Вардарки враќаа со серија од неколку погодоци, за на крајот од мечот да забележиме убедлива победа. На овој натпревар најрасположени за игра беа Сара Ристовска и Татјана Хмирова. Репрезентативката на Македонија постигна 17 погодоци, додека пак Хмирова реализираше на 12 наврати. Сите ракометарки се запишаа во листата на стрелци, освен голманките.

Ова беше генерална проба пред стартот на новата сезона во Лигата на шампините, во петок Вардарки на домашен терен во првото коло ќе го пречекаат тимот на ФТЦ Будимпешта.

ЖРК Вардар: Радичевиќ 3, Кликовац 1, Лејно, Бајрамовска 1, Лазовиќ 2, Мицевска, Керамичиева 2, Чанаџија 4, Цвијиќ, 1 Лакрабер 6, Хмирова 12, Лекиќ, 2 Петровиќ 6, Ристовска 17.