Тимот на Вардар останува без неколку играчи кои и дефинитивно си заминуваат. Први на оваа листа кои дефинитивно се разделија со црвено – црните бои се: одбрамбениот играч Ховханес Хамбарџумјан, репрезентативецот на Македонија, Дарко Велковски и младиот играч од средината на теренот Филип Стојчевски.
На Хамбарџумјан му истекува договорот и е слободен. Популарниот Хоф во Вардар дојде во 2014 година, досега запиша повеќе од 100 официјални натпревари и постигна 14 погодоци. Ќе го паметиме по одличните игри во првите две сезони.
Дарко Велковски по три години во Вардар си заминува и прави трансфер во Ријека. Велковски дресот на Вардар го носеше повеќе од 50 пати, ќе го паметиме по одличниот гол во Загреб против Динамо.
Филип Стојчевски е последен од оваа “прва линија” која си заминува од Вардар. Стојчевски поради несогласување со личните примања не беше во комбинација за настап оваа пролет па така јасно беше одамна дека и он ќе си замине по крајот на сезоната.
- Им посакуваме успех на сите тројца во новите средини.