Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генерација родени “2006“ година со две победи го одбележа денешното коло во детската лига
Вардаровата генерација родени “2006“ година со две победи го одбележа денешното коло во детската лига

Вардаровата генерација родени “2006“ година со две победи го одбележа денешното коло во детската лига

Вардаровата генерација родени “2006“ година со две победи го одбележа денешното коло во детската лига. Вардар (1) го доби дуелот со Работнички (2) со резултат 9:2 (6:1), а пак Вардар (2) исто така победи во дуел со тимот на Фљамуртари со резултат 5:2 (5:2).
.
Вардар (1) немаше проблеми во дуелот со Работнички (2), во еден дуел со многу голови нашиот тим се радуваше на победа. Прв со гол од слободен удар резултатот го отвори Дарко Сековски. Потоа погодија Алтин АлијиКристијан Галевски, па повторно Галевски за убедливи веќе 4:0. До крајот на првиот дел погодоција уште и Марко Николовски, Кристијан Галевски повторно, и на крајот погоди и Работнички за 6:1 на полувреме.
.
Во вториот дел погодија уште Дарко Сековски од пеналпа намали противникот на 7:2, за на крајот на постигне две погодоци и  Алтин Алији за конечни и убедливи на овој дуел 9:2 за тимот на Вардар.
.
Иако вардарци имаа иницијатива противникот поведе со 1:0 после една нафрлена топка. Вардар (2) врати многу брзо откако Танчев асистираше до Мирза Хасиќ за 1:1. Повторно противникот поведува со 2:1 после една грешка на нашата одбрана. Постојана иницијатива на нашите и после една добра акција Танчев израмнува на 2:2. Танчев со својот втор гол му носи водство на Вардар од 3:2. Многу брзо потоа Митев зголемува на 4:2. Противникот направи три корни и беше досуден пенал кој сигурно го реализираше Дамјан Крстевски за водство од 5:2. Тоа беше резултат после првото полувреме.
.
Во второто полувреме немаше ништо за издвојување и резултатот остана 5:2.
.
Напомена: Кон крајот на дуелот тренерот на Фљамуртари ја повлече екипата, па така крајот не го дочека овој дуел.