Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > ВАРДАР Е КУП ШАМПИОН, ПАДНА МЕТАЛУРГ, ОДБРАНЕТАТА И ОВАА КРУНА ОСТАНУВА УШТЕ ЕВРОПСКАТА
ВАРДАР Е КУП ШАМПИОН, ПАДНА МЕТАЛУРГ, ОДБРАНЕТАТА И ОВАА КРУНА ОСТАНУВА УШТЕ ЕВРОПСКАТА

ВАРДАР Е КУП ШАМПИОН, ПАДНА МЕТАЛУРГ, ОДБРАНЕТАТА И ОВАА КРУНА ОСТАНУВА УШТЕ ЕВРОПСКАТА

Вардар и Металург денес го  одиграа во големото финале од купот на Македонија во салата “Младост“ во Битола. Црвено-црните успеаа да го одбранат пехарот освоен лани, и да ја освојат 13-тата Куп круна во историјата. Тие ги совладаа сино-белите од Автокоманда со резултат 30-26 (14-12).

На почетокот двата тима отворија со по еден гол, за почетни 1-1 кои стоеа на семафорот се до половината на шестата минута.  Јовиќ се одлучи потоа за познатиот напад на Металург, 7 на 6 во поле. Потоа во мини серија влегоа сино-белите кои се одлепија на 2-4 со голот на Јагањац во 8.минута. Следеа минути на европскиот првак, вардарци влегоа во ритам и со серија 5-1 го преземавме водството. Ние поведовме со 7-5 со голот на Стоилов во 14.минута. Ова беше цврст меч и дуел со серии на тимовите, па така Металург со серија 1-3 изедначи на 8-8. Вардар врати со иста и поведе со 11-9 потоа. До крајот се играше гол за гол двата тима постигнаа по три гола во мрежата на противвничката екипа. На одмор се отиде со резултат 14-12 за нас на семафотот во салата “Младост“.

Вториот дел почна си два брзи гола на црвено-црните, ние со голот на Милиќ преку цел терен успеавме да поведеме со 16-12 на самиот почеток. Почна да се случува она и што се очекуваше, од минута во минута предноста на црвено-црните постепено раснеше во вториот дел. По 10.минути ракомет избраниците на Раул Гонзалез поведоа со 22-16 во ова ракометно Куп финале. Се веќе беше познато, искусен тим како Вардар очекувано требаше само да го реализира овој меч до крајот.   Во наредните десет минути двата тима постигнаа по пет голови, вардарци беа повторно на плус шест, во последните 10.минути влеговме со резултат 27-21.  Се до крајот на ова Куп финале беше формалност, нашиот шампион победи со резултат 30-26 . Со оваа победа успеавме да ги одбраниме три од четирите титули освени лани. Пред нас е уште еден, најголемиот предизвик одбрана на европската круна во Келн.

ВАРДАР: Стоилов 1, Недановски, Поповски, Криштопанс 3, Милиќ 1, Мораше 1, Македа 3, Ѓорѓески, Карачиќ 4, Абутовиќ, Кањељас, Циндриќ 5, Дибиров 6, Шишкарев 4, Борозан 2.