Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Започна регуларната продажба на сезонски билети за натпреварите на ФК, РК и ЖРК Вардар
Започна регуларната продажба на сезонски билети за натпреварите на ФК, РК и ЖРК Вардар

Започна регуларната продажба на сезонски билети за натпреварите на ФК, РК и ЖРК Вардар

Од вчера започна продажбата на сезонски карти за мечевите на ракометните и фудбалскиот клуб на Вардар во новата натпреварувачка сезона. Со таканаречената Вардар Пас картица ќе можете да ги проследите сите натпревари оваа сезона на нашите три екипи. Во однос на настапите на РК и ЖРК Вардар во лигата на шампионите, новата Вардар Пас картица се однесува на мечевите од групната фаза. Билетите ќе можете да ги набавите секој работен ден на билетарницита кај спортскиот ценар Јане Сандански, од 10-18 часот.

Фудбалскиот клуб на Вардар веќе ја започна сезоната во ПМФЛ, додека машкиот ракометен тим својот прв официјален натпревар ќе го има на 30-ти август во Ј. Сандански во рамки на сеха-лигата против Брест Мешков. Најдоцна ќе стартуваат девојките со натпреварите од првото коло во најголемото ракометно натпреварување.

Побрзајте да си набавите од овие картици за да си ги обезбедите уште од сега сите натпревари на Вардар. За подетални информацици кликнете на TicketsPlus.