Селекторот на македонската фудбалска селекција за фудбалери до 21 година Благоја Милевски го објави списокот за натпреварите против Шкотска и Северна Ирска. На истиот се најдоа дури четири имиња од црвено-црниот фудбалски колектив. За местото помеѓу стативите ќе конкурира новто засилување на вардарци Игор Алексовски, стандардниот во оваа селекција Дарко Велковски исто така е повикан, покрај него повикани се и Бобан Николов кој ќе конкурира за место во средниот ред, а во нападот е повикан Петар Петковски. Мечот со Шкотска го играме на гости на втори септември во 19-30 часот, апак со Северна Ирска сме домаќини на шести септември, овој дуел ќе се игра во 18-45часот. Во продолжение фотографија од спиокот на повикани.