Одлична вест за тренерот Гоце Седлоски имаше изминатава недела. Имено, Хамбарџумјан, иако се очекуваше да отсуствува од терените уште определен период, сепак, популарниот Хоф ја залечи својата повреда и повеќе од навремено се врати да им помогне на своите соиграчи.
За Хамбарџумјан натпреварот во Битола против екипата на Победа беше прв настап оваа сезона. Предходно Хоф ги пропушти дуелите со Слога, односно Шкендија. Хамбарџумјан на неделниот меч влезе во игра во 56 минута од натпреварот и одма имаше асистенција за гол, но Боарето таа шанса не ја реализираше. Очекуваме до петок, во редовите на Вардар да се приклучи и официјално уште еден играч од Ерменија.