Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Со ”измешан” состав во Тетово
Со ”измешан” состав во Тетово

Со ”измешан” состав во Тетово

Утре со почеток во 16 часот и 30 минути ФК Вардар ќе го одигра натпреварот од 1/16 финалето од Купот на Македонија. Противник на нашите играчи ќе биде тимот на Скендербеу Порој. Овој натпревар се игра со едно неделно доцнење, бидејќи Градскиот стадион во Тетово минатата среда беше зафатен, односно гостуваше Работнички, исто така во рамките на 1/16 финалето од Купот.

Нашиот утрешен противник изминатата сезона заврши како второ пласиран тим во Третата лига – Запад, и не успеа да избори бараж за Втората македонска фудбалска лига. Овој тим минатата сезона имаше биланс од 15 победи, 3 нерешени и исто толку порази. Вардар на овој натпревар важи за апсолутен фаворит, и таа улога мора да ја докаже и на новиот терен во Тетово. Се очекува Седлоски да настапи во измешан тим, односно да добијат шанса оние, кои по малку настапуваат во првата лига.