Младите вардарци предводени од Стојан Петрушевски екипата на РК Вардар јуниор утре, четврток ќе го одиграат третиот контролен меч сезонава. Исто како и првите два така и овој ќе се игра во Спортско рекреативниот центар “Кале“.
Досега одигравме две “контролки“, во првата се сретнавме со Еурофарм Работник кој е нов суперлигаш, овој дуел заврши во корист на битолчани, 28:33. Во втората одигра нерешено со ГРК Борец од Велес 27-27. Во третата контолна средба ќе бидеме домаќини на екипата на РК Радовиш од истоимениот град. Мечот во четврток ќе се игра во 18 часот и 30 минути. Вардарци повторно нема да бидат комплетни, бидејќи ќе недостасуваат Недановски, Поповски, Ѓорѓески, Ончев кои се уште се со првиот тим на РК Вардар и Трпчевски кој е повреден. Влезот како и на претходните два меча во “Кале“ ќе биде слободен.