Денес на терените на ФФМ стартуваше новата сезона во детската фудбалска лига. Настап имаше генерацијата 2009 на Игор Кралевски кои одиграа два натпревари, забележувајќи пораз и нерешен резултат.
Први на теренот излегоа Вардар (1) кои одиграа без победник (1:1) во дуелот со екипата на Форца. Гледавме израмнет натпревар со шанси и на двете страни, сепак на крајот нерешениот резултат можеби беше и најреален исход на мечот. Екипата на Форца ги имаше првитге удари кои завршија крај нашиот гол. Кај Вардар се обиде Дарин Михајловски од слободен удар, но шутираше крај голот. Гледавме брзо темпо на мечот, во кој и двете екипи се обидуваа да го отворат резултатот. Шанса прва поголема имаше Јаков Стојковски, но одбрани противничкиот голман. Се закани и Форца, но денес ние го имавме одличниот Баснарков, кој бранеше одлично. Црвено-црните први успеваат да го отворат резултатот и да поведат со голот на Дарин Михајловски, кој го отвори резултатот на 1:0. Голот беше постигнат од пенал, откако судијата досуди на белата точка, псоле еден направен фаул. Форца се обиде да израмни, еден од нивните играчи биеше силно, но одбрани Баснарков. Сепак во последните пет минути од првиот дел, екипата на Форца успеа да израмни на 1:1. Откако најпрво Баснарков одбрани, топката отиде во корнер, тоа беше трет за вардарци, по што судијата покажа казнен удар. Баснарков одбрани од прва, но на одбиената топка стигна Никола Трошански кој ја погоди мрежата за израмнување на 1:1, резултат со кој се замина на полувреме.
Првите конкретни обиди во вториот дел ги имаше Вардар, најпрво биеше Вито Павлов, неговиот удар го брани голманот, додека од прекин се закани Михајловски, но одбрани Пауновски, голманот на Форца. Голема прилика за Вардар повторно да поведе кога ја погодивме стативата од слободен удар, додека од иста позиција се закани и Форца, но топката оди над голот. Форца имаше можност да го сврти мечот во своја корист, но немаа среќа кога Цветковски биеше силно и ја погоди стативата. До крајот на мечот се закани Вито Павлов, но одбрани голманот на Форца. Крај на мечот со поделба на бодовите (1:1) во овој дерби дуел од 1.коло на детската лига.
Екипата на Вардар (2) за противник ја имаше екипата на Куманово. Првата посериозна прилика ја имаше противничкиот тим, кога ја погоди стативата од нашиот гол. Иста прилика имаше и Вардар, но и стативата од голот на Кумановчани беше нивно сојузник, во оваа акција на Вардар. Голема прилика за момците на Кралевски да го израмнат резултатот, но Даниел Колевски немаше среќа кога биеше само во пречката од голот на Куманово. Веќе во следната минута, екипата на Куманово успева да казни и да поведе со 0:1. Имше нов обид кумановската екипа, одбрани нашиот голман, додека Куманово во следниот посериозен обид успева да зголеми на 0:2. Продолжија нашите момчиња да играат и покрај негативата, создадовме нова прилика, но Даниел Колевски повторно ја погоди пречката, па резултатот остана непроменет. До крајот на првиот дел, Куманово го зголеми резултатот и на 0:3 со удар од белата точка. Едноставо вардарци немаа среќа во овој дел од мечот, додека противникот ги искористи своите шанси.
Нов гол за екипата на Куманово, која во вториот дел успева да зголеми на 0:4. Сепак и Вардар успева да го постигне гол и да намали на 1:4 со голот на Михаил Божиновски, откако асистираше Павловски. Се пробудија црвено-црните, нов гол за намалување на 2:4, дело на Антониј Аџиоски. Сепак до крајот на натпреварот, екипата на Куманово постигна уште еден гол, за конечен резултат од 2:5 на овој прв дуел од детската лига.