Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи се враќаат со убедливи победи од Битола, Пелистер немоќен
Пионерските екипи се враќаат со убедливи победи од Битола, Пелистер немоќен

Пионерските екипи се враќаат со убедливи победи од Битола, Пелистер немоќен

Пионерските екипи на ФК Вардар денес гостуваа кај соодветните селекции на битолски Пелистер. На овие две дебри средби црвено-црните момци остварија  две убедливи победи.

Помладите пионери ја забележаа втората  победа сезонава, откако беа подобри од битолчани. Убедливо славеа избраниците на Сашо Тодоровски со конечен резултат од 2-4. Најпрвин домаќинот поведе со 1-0, ние потоа доминиравме и постигнавме четири гола по ред. Првиот дел го завршивме со негатива од 0-1, во вториот дел испорачавме четири погодоци преку: Гуџуфи Бесар кој погоди два пати, по еден гол постигаа резервистите, Стојановски Стефан и Перковски Теодор. Противникот во последните моменти само успеа да ублажи со гол за 2-4.

Вардар: Тасев, Павлески, Ричков, Милошевски, Јаневски, Љушев, Попов, Хајдари, Ибраим, Здравковски и   Гуџуфи.

Денес, пионерите стигнаа и до третта последователна победа оваа сезона во рамките на пионерската супер лига. После убедливите победи против екипите  на Шкендија и Победа, денес избраниците на Драган Стефановски   на гостински терен  победија и со Пелистер.  Оваа средба ја добивме со високи 0-3. За нас стрелаа тројца различни момци, веќе во првата минута со гол за нас отвори Живков Славче. Ние доминиравме во текот на цел дуел, постигнавме уште два гола преку Сељанец Алек и Јовановски Дарио кои донесоа нови три бода на нашето конто.

Вардар: Стојковски, Јовановски,Стојчевски, Давков, Живков,  Сељанац, Давидовски, Ѓеоргиевски, Стојановски, Тасевски и Мирков.