Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар продолжува со победничкиот поход, Струга ТЛ нова „жртва“
Вардар продолжува со победничкиот поход, Струга ТЛ нова „жртва“

Вардар продолжува со победничкиот поход, Струга ТЛ нова „жртва“

Победничкиот марш на ФК Вардар продолжува, нова веќе третта победа по ред обезбедивме во денешниот дуел против ФК Струга ТЛ. Момците на Васоски одиграа на ниво и победија со високи 3-0 (0-0), одигравме еден одличен втор дел каде го „скршивме“ ривалот.

f

Вардар имаше повеќе од играта во првиот дел, првата закана кон голот на гостите ја имавме во 8.минута. Мицевски изведе слободен удар од 25.метра шутна над „живиот ѕид“, топката мина за малку над гредата. Истиот играч ја имаше и втората прилика, повторно од прекин тој упати удар овој пат топката мина за малце крај левиот директ на противникот. Поседот беше  во поголем процент кај играчите на Васовски во овој период. До крајот на првиот дел имаше уште две прилики за одбележување, по една на двете страни. Вардаровиот играч, Најдовски овој пат се обиде од игра, шутна силно по земја сепак гостинот на стружани успеа да го скрати истиот. Ова беше последен наш обид во првите 45.минути. Пред нашиот гол, Серафимов одлично изблокира еден непријатен удар, па на одмор заминавме со почетниот резултат 0-0.

f4

Во  54.минута видовме одлична шанса за Струга ТЛ,  од околу 18 метри од десно добар шут на Цветаноски, топката мина крај стативата. Потоа следеа наши моменти, ние доминиравме во поле, успеавме со два убави потега да го решиме овој меч и да дојдеме до нови три бода.  За само четири минути беше решен „ребусот“ на стужани. Најпрвин во 63.минута Реис Жуниор успеа да погоди за водство со 1-0 и голема радост на црвено-црниот тим. После само четири минути тој одлично прими една топка во казнениот простор со мајсторски удар успеа да го удвои водството на вардарци, со овие 2-0 најавивме победа на денешната средба против. Точката на победата ја ставивме  20.минути потоа кога ги постигнавме конечните 3-0. Стрелец во 87.минута за нашиот тим беше Аврамовски, тој доби одлична асистенција од Матеј Цветаноски.

f3

Со оваа победа продолжуваме да се искачуваме на табелата сега сме на 3.позиција  со 10.бода, пред нас е Македонија Ѓ.П со 11 и лидерот А.Пандев со 13.бода.