Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ФК Вардар генер.2007 со победа и пораз ја отвори Детската лига
ФК Вардар генер.2007 со победа и пораз ја отвори Детската лига

ФК Вардар генер.2007 со победа и пораз ја отвори Детската лига

Една победа и еден пораз денес за ФК Вардар генерација 2007 година во првото коло од новата сезона во детската лига.

70661363_2418099858236846_1222471920075669504_n

ФК Вардар (1) лесно се справи со тимот на ФК Еуроспорт, ние победивме со високи 8-0(5-0). По само три минути водевме со 3-0. Буквално секој шут завршуваше во голот на ривалот. Прв погоди  капитенот Александар Грашески, потоа на 2-0 зголеми Борјан Томовски. Во третиот обид веќе беше 3-0, погоди Киш Марко. Следеа пет минути на наша доминација по кои Стефан Младеновски погоди два пати за високи 5-0. До крајот на првиот дел се обидоа Мичо Поповски и Филип Смиљковски. Конечните 6-0 ги постави Стефан Младеновски.

Вториот дел започна со шанса на ривалот и одлична одбрана на Лука Јаневски на нашиот гол. Повторно на сцена стапи Стефан Младеновски, кој погоди за 7-0.  Имавме нови две прилики преку Киш и Емир Шаботиќ кој ја затресе гредата со една „бомба“.  До крајот имаше два моменти за одбележување, ние доминиравме имавме голем посед и иницијатива на оваа средба. Грашески стрелаше за конечните 8-0, а последниот обид беше резервиран за денес одличниот Стефан Младеновски.

70827019_2418101054903393_8852665369358237696_n

Екипата на Вардар (2) загуби од екипата на Работнички (1), дуел на кој бевме рамноправни, сепак на крајот градскиот ривал се радуваше на победата. Противникот имаше два конкретни обиди во првото полувреме, но одлично одбрани Даниел Исајловски. Кај Вардар прв се закани Никола Јовановски, кој биеше оид слободен удар над голот на Работнички. Екипата на Работнички прва успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0:1. До крајот на првиот дел, вардарци успеваат да постигнат гол и да го израмнат резултатот на 1:1 преку Фуад Керими, овој резултат беше актуелен и на полувреме.

Во вториот дел и двете екипи имаа шанси за постигнување гол, сепак падна само еден гол и тоа во нашата мрежа, за на крајот мечот да заврши со резултат 2:1.