Европскиот Шампион со победа ја започна одбраната на Европската титула, со триумф на гостувањето кај екипата на Монпелје.
Натпреварот со гол го отвори Дибиров од седум метри, додека Монпелје врати со два гола, за прва предност на домашниот тим од 2:1. Противникот имаше можност да поведе и со два гола разлика, но одбрани Гедбан, затоа Дибиров со вториот гол од пенал успеа да го израмни резултатот на 3:3 во 7 минута од мечот. Прв пат на мечот, Монпелје се одлепи на два гола предност (5:3), за Калараш со својот прв гол да намали на 5:4. Гледавме цврста игра на двете страни, а домашниот тим одржуваше водство, но не поголемо од два гола. Нова одлична интервенција на Гедбан, овој пат спречи удар од седум метри на противникот, тоа го користиме и со голот на Шишкарев носиме ново израмнување на натпреварот (7:7) во 15 минута од мечот. Со две брзи контра-напади на вардарци, најпрво со гол на Шишкарев, а веќе во следната минута и на Дибиров, нашиот шампион стигна до втора предност на мечот (8:9) во 18 минута од дуелот. Одично игравме во овој период од мечот, Монпелје немаше идеја во нападот, додека Вардар продолжи да го полни нивниот гол, овој пат прв погодок за Атман кој зголеми на 8:10. Вардар имаше водство од 10:12, откако погоди Горпишин, но следе најлошиот период во нашата игра, дозволувајќи на Монпелје да направи серија од 4:0 и да поведе со 14:12 во 24 минута од натпреварот. Добро е што се вративме во игра, преку Атман и Скубе, Вардар на две минути пред крајот успеа да го израмни резултатот на 16:16. По истекот на првите 30 минути, Монпелје имаше минимално водство од 17:16
Вториот дел започна со гол на Симонет за 18:16, но врати Атман со нов гол за намалување на резултатот. По само три минути игра во вториот дел, противникот стигна и до највисоки три гола разлика (20:17). На голот во вториот дел застана Кугис кој ја бележи првата одбрана, но тоа не го наградува Шишкарев кој промаши зицер позиција. Сепак во вториот обид се поправа руското крио, кој со својот трет гол намали на 21:20. Одлично играме во одбраната, крадеме нова топка, во контра повторно истрчува Шишкарев кој погоди за 21:21. После долго време, Европскиот Шампион е во предност, пресекуваме нова топка, Шишкарев реализатор сигурен за предност од 23:24. Вардар играше добро, Канаје мораше да повика тајмаут при наше водство од 23:25. Вардар пропушти два напади за плус два, а Монпелје казнува со два гола во серија за израмнување на 25:25. Продолжи серија на противникот, повторно пад во нашата игра, за резултат 27:25 на десет минути пред крајот на дуелот. Вардар никогаш не се предава, не случајно сме Европски Шампиони. Повторно се враќаме во игра благодарение на две одбрани на Гедбан, а со погодоците на Чупиќ и Скубе зголемуваме на 29:31 на три минути пред крајот. До крајот Вардар издржа и славеше со резултат 31:33,
Следниот натпревар одЛШ го играме на домашен терен против екипата на Порто.