Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Писонеро и Дисингер: Заигравме подобро во второто полувреме, не е лесно да се победи на овој терен
Писонеро и Дисингер: Заигравме подобро во второто полувреме, не е лесно да се победи на овој терен

Писонеро и Дисингер: Заигравме подобро во второто полувреме, не е лесно да се победи на овој терен

Вардар со победа ја започна одбраната на Европската Титула, откако славеше на тешкото гостување кај екипата на Монпелје. Имаше периоди кога и двете екипи се менуваа во предност, а во второто полувреме, домашниот тим имаше и позитива од три гола. Сепак Вардар повторно покажа карактер и докажа зошто е Европски Шампион. Заигравме цврсто во одбраната кога беше најпотребно, а лесните голови во контра-нападите го свртеа резултатот во наша корист. На крајот, Вардар славеше со резултат 31:33. После завршување на овој прв дуел од Лигата на Шампионите, своите впечатоци ги сподели тренерот Давид Писонеро кој имаше победнички старт со новиот тим во Ш.

-Одигравме навистина тежок натпревар. Во првиот дел одбраната не беше на нивото на кое ние сакавме, а нападот беше коректен, бидејќи дадовме 16 гола. Во вториот дел се подобривме и успеавме да дојдеме до посакуваниот триумф. Имавме и неколку лесни голови преку брзи контри и задоволни сме од резултатот. Не е лесно да победиш на овој терен. Задоволен сум од победата.

Дисингер истакна дека Вардар заиграл подобро во вториот дел и дека овој триумф е важен со оглед дека е остварен на тежок терен.

-Во првото полувреме и двата тима имаа многу грешки. Посебно ние во одбраната, затоа што му овозможувавме многу простор на домашниот тим. Примавме лесни голови, а на спротивната страна го немавме тоа. Во вториот дел тоа се смени, игравме подобро. Среќен сум што победивме тука. Сите знаат колку е тешко да се победи на овој терен”