Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Започнува младинскиот фудбалски турнир “Фер плеј куп“ во Охрид
Започнува младинскиот фудбалски турнир “Фер плеј куп“ во Охрид

Започнува младинскиот фудбалски турнир “Фер плеј куп“ во Охрид

Денес започнува меѓународниот младински фудбалски турнир “Фер плеј куп“ во Охрид. На овој турнир учество ќе земат околу 114 екипи од осум различни земји и повеќе од 2.ооо млади фудбалери. Во периодот од 18-20-ти август ќе се играат натпревари само во генерацијата 2001. Фудбалскиот клуб Вардар ќе се натпреварува во две млади категории “2004“ и “2007“.

Фк Вардар генерација “2004“ се наоѓа во групата А заедно со екипите на: Албион(Скопје), Пандев 10 (Охрид) и Фк Прилеп.

Фк Вардар генерација родени “2007“ се наоѓа исто така во група А со екипите на: Фер плеј(Охрид), ОФС Гази Баба(Скопје) и Топ гол(Битола).

Натпреварите за овие генерации започнуваат од 21-ви август и траат се до 23-ти. Организаторот најавува квалитетни мечеви и пред се одлично дружење за овие млади надежи на Македонскиот фудбал.