По речиси три месеци пауза, утре започнуваат новите возбудувања во ПМФЛ. Оваа натпреварувачка сезона 2015/16 нашиот миленик, и шампион на Македонија Вардар ќе тргне во одбрана на титулата во домашното првенство, а ќе атакува и на уште два фронта, во купот на Македонија, и Супер купот против Работнички, кој ќе се одигра во друг дополнителен термин.
Утре нашиот тим треба да покаже карактер, шампионски амбиции, и да ја надигра лесно, и убедливо слога од Чаир. Натпреварот започнува в недела со почеток во 20 часот.
Дојдете на стадион, да го бодриме Фк Вардар кон нови победи, и нови успеси и оваа сезона.
Нека биде Градски полн како натпреварот против Апоел.
Да покажеме дека Скопје навива за Фк Вардар.