Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > (ФОТО) КУГЛАЊЕ ! Вардарци тргнаа со подготовките за новата сезона
(ФОТО) КУГЛАЊЕ ! Вардарци тргнаа со подготовките за новата сезона

(ФОТО) КУГЛАЊЕ ! Вардарци тргнаа со подготовките за новата сезона

Момците од нашиот кугларски црвено – црн тим по крајот на заслужениот летен одмор почнаа со подготовките за новата сезона во која ги чекаат домашни и за прв пат и европски предизвици.

vardarfans kk1

Шефот на стручниот штаб на Кугларскиот клуб Вардар Драги Димитровски  ја имаше во четвтокот првата прозивка на својте пулени . Со истата почнаа подготовките за дебито на европска сцена на НБЦ турнирот во Австрија и за обидот во домашното првенство да се освои титулата која долги години е во посед на тимот на КК Макпетрол .

vardarfans kk2

Добра вест за црвено – црните е што целиот играчки кадар од ланската прва сезона во македонската лига е задржан и е ставен целосно на располагање за “брусење на формата“  под будното око на искусниот Димитровски .

vardarfans kk3