Комити излегоа со соопштение за собирот пред утрешниот премиерен дуел во ПМФЛ на својот љубимец ФК Вардар со екипата на ФК Слога , во истото се вели следново:
СОБИРОТ ЗА УТРЕШНОТО ДЕРБИ Е ВО 18:00ч НА ФОНТАНА.
Комити, го чекавме ова повеќе од 10 години! Остана само уште еден ден преполн со еуфорија и нетрпеливост и тоа нека продолжи да расте и да се чува, за утре, да се излеат сите улици во Вардаровите бои! Нема изговори и оправдувања, ништо не е битно Вардар кога игра!! За честта на Градот!!!
Нашиот брат и поранешен фудбалер на Вардар, Александар Пандовски, нека почива во мир. Никогаш нема да бидеш заборавен!