Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Прво место за Фк Вардар генерации “2003“ и “2005“ на завршниот турнир во “Вардар Јуниор“ лигата
Прво место за Фк Вардар генерации “2003“ и “2005“ на завршниот турнир во “Вардар Јуниор“ лигата

Прво место за Фк Вардар генерации “2003“ и “2005“ на завршниот турнир во “Вардар Јуниор“ лигата

Денес на главниот фудбалски терен во населбата Ѓорче се одигра завршен турнир на фудбалската “Вардар Јуниор“ лига за генерации родени “2003“ и “2005“ година. Учествуваа следниве екипи: Вардар со генерација 2003 и 2005, Слога 1934 (Виница) со генерации 2003 и 2005, Мал Ајакс од Штип со генерации 2003 и 2005, Форца со генерација 2003 и Спортефе со генерација 2005.

Фк Вардар генерација “2005“ го освои првото место во својата конкуренција. Избраниците на Зоран Петковски денес немаа достоен противник пред себе и остварија две убедливи победи. Најпрво во полуфиналето, Фк Вардар (2) се сретнаа со екипата на Слога од Виница. Дуел во кој разликата во квалитет на двете страни беше голема, секако во корист на младите Вардарци. Конечниот резултат од 15:0 говори за одразот на силите и ситуацијата на теренот. Уште по првиот дел имавме високо водство од 7:0. Во второто полувреме не застанавме и продолживме со офанзивна игра, што резултира на крајот со ваков исход. Стрелци на головите за Вардар беа: Стефан Ристовски (3) ,Стефан Наумовски (2), Бојан Јаневски (2) гола, Филип Радевски (1) ,Андреј Петровски (1), Дамјан Конески(1),Петар Павловски(1),Петар Пројкоски (2) и два авто гола на противникот.

Во финалниот натпревар се сретнаа Фк Вардар (1) со екипата на Мал Ајакс од Штип. Оваа Вардарова екипа само ја продолжи добрата игра на своите соиграчи и ја потврди доминацијата на генерација родени “2005“ година. Натпреварот заврши со триумф на Вардар со конечен резултат од 7:0. По првото полувреме ја најавивме високата победа, кога имавме предност од 5:0. Црвено-црните играа доволно за да остварат победа и на крајот да го освојат првото место. Филип Јовановски постигна  3 гола, Никола Величковски 2. По еднаш во листата на стрелци се запишаа Горјан Цветков и Ѓорѓи Дошев.

Фк Вардар генерација “2003“ исто така на крајот го освои првото место на завршниот турнир во Јуниор лигата. Избраниците на Ане Андоновски во полуфиналниот дуел се сретнаа со екипата на Форца и забележаа убедлива победа. Конечниот резултат гласеше 4:1. Стрелци на головите беа: Дарио Јовановски, Андреј Стојчевски, Иван Пашариковски и Александро Прелоговски. Целосна доминација на нашиот состав во текот на целиот натпревар за заслжен триумф на крајот.

Во финалето на оваа генерација се сретнаа екипите на Вардар и Слога од Виница. Натпреварот заврши со почетните 0:0, но поради подобрата гол разлика во двата натпревари на овие екипи, на крајот првото место им припадна на Вардарци. Иако имавме неколку добри шанси со победа да го завршиме турнирот, сепак среќата не не посака. Како и да е на најдобар можен начин го завршивме турнирот на најновиот проект на фудбалскиот клуб Вардар. Јуниор лигата се одржуваше изминативе два месеци во вкупно пет градови.