По ова не комплетирано коло во ПМФЛ, еден натпревар пред крајот на есента, ФК Вардар си обезбеди новa есенска титула. По вчерашните 1:1 со Работнички, со денешниот ”кикс” на Шкендија во Кратово против Силекс, и теоретски ФК Вардар станува есенски шампион во ПМФЛ за сезоната 2015/16 со пет бодови предност пред Шкендија.
Оваа полусезона ФК Вардар, имаше одлилчна серија од победи без пораз. ФК Вардар уште од треттото коло беше лидер на табелата, и во континуитет си ја зголемуваше предност пред тетовчани. Неочекувано, дојде една слаба игра и тоа овој месец, па следуваше и елиминација од Купот на Македонија. Но, најважно е да се подигне трофејот во ПМФЛ, што значи и нов излез во Европа. Очекуваме на пролет ФК Вардар да пружа подобри, и по убедливи победи. Славјето на есенската титула е во среда, против Силекс во 13 часот. Честитки до ФК ВАРДАР!