Вчера на терените на фудбалската федерација на Македонија и фудбалскиот клуб Работнички се одиграа натпревари, во рамки на 11 коло од детската фудбалска лига. Свои настапи имаа Вардаровите генерации родени “2002“ , “2004“ и “2007“ година.
Фк Вардар генерација “2002“ имаше убедлив настап во ова коло. Оваа генерација продолжува со максимален ефект на освоени бодови во оваа лига. Ниту екипата на Кул не успеаа да застане на патот, на оваа наша генерација. Рутинирано избраниците на Павел Неделковски им одржаа лекција на својот противниик, победувајќи со резултат 8:0.
Фк Вардар генерација “2004“ настапи само со една екипа, друата во ова коло беше слободна. Фк Вардар (1) немаше поголеми проблеми во дуелот со Фк Албион и на крај сосема заслужено забележи триумф. Конешниот резултат гласеше 7:2. Интересно е што двата гола противникот ги постигна од пенал ( после три корнери). Во нашиот тим Георг Стојановски постигна два гола. По еден погодок дело на Огнен Здравковски, Игор Јаневски, Горазд Попов, Димитар Стоимов и Сандро Каровски. Целосна доминација на Вардаровиот состав со изразита разлика во квалитет во однос на противникот.
Фк Вардар генерација “2007“ вчера одигра вкупно четири натпревари, по два за двете екипи предводени од Томче Трајановски.
Фк Вардар (1) забележа еден нерешен резултат и една победа. Најпрво оваа екипа ремизираше со Форца (1:1). Стефан Младеновски го постигна единствениот гол на овој дуел за Вардар. Во вториот одигран натпревар нашите момци забележаа триумф против Куманово, со конечен резултат од 2:1. Повторно во листата на стрелци се запиша Стефан Младеновски и Марко Крстевски.
Фк Вардар (2) оствари по една победа и еден пораз. Против Смиљковци загубивме со резултат 0:3. Следуваше вториот меч за оваа екипа и убелдива победа против Куманово. За разлика од претходниот, на овој дуел избраниците на Томче Трајановски покажаа добра игра и убелдиво го совладаа противникот. Конечниот резултат гласеше 4:1. Војо Стојановски продолжува со одличните игри, постигнувајќи хет-трик, додека Марко Киш беше стрелец на еден погодок.
Во вторник оваа генерација ќе го одигра последното коло, од првиот дел на сезоната.