Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Жрк Вардар јуниор со победа на гости во Прилеп се зацврсти на лидерската позиција
Жрк Вардар јуниор со победа на гости во Прилеп се зацврсти на лидерската позиција

Жрк Вардар јуниор со победа на гости во Прилеп се зацврсти на лидерската позиција

Избраничките на Симовски денес го одиграа  7 меч и ја остварија и 7 победа во женската ракометна Супер лига. Нашите млади девојки од тимот на  Вардар јуниор триумфално се вратија од Прилеп, тие   со 17-22 го совладаа истоимениот домаќин. Младите девојќи имаат успешен настап во домашната лига сезонава тие се лидери на табелата со 21 бод.

Нашите девојки беа доминантни во текот на целиот меч, тие уште во првиот дел си обезбедија солидна преднос од 5 гола за сигурен финиш на овој дуел, резултатот по 30 минути игра на семафорот изнесуваше 9-14 . По победата денес на врвот сме 3 бода пред конкурентот од скопска Автокоманда женскиот тим на Металург. Следен меч за нашите девојки во единствената женска ракометна лига во земјава е мечот со Жрк Куманово, на овој меч црвено-црните ќе бидат домаќини. Денес исто така на дуелот, голема предност за Јуниор беше и расположениот голмански тандем кој имаше 18 интервенции, 12 Ладева и Белмезова 6 одбрани . Најистакнати стрелци кај нас беа Прленда, Тодоровска и Нолевска.

ВАРДАР ЈУНИОР: Ладева (12 одбрани), Белмезова (6 одбрани), Прленда 5, Петровска, Трпковска 3, Георгиевска 1 (1/1), Николовска, Митова 3, Тодоровска 5, Нолевска 4, Трајчевска, Џини, Мишевска 1, Гичевска