Tренерот Раул Гонзалес и Тоскиќ присуствуаа на прес-конференцијата по триумфот над Колдинг. Вардарци доминираа на теренoт на овој дуел и со подобра игра заслужено ги освоија двата бода и покрај тоа што Данците досега се покажаа како незгоден противник и за останатите фаворити од групата Б. Нашиот тренер, шпанскиот стручак Раул Гонзалез за овој дуел изјави ;
- „Ние знаевме дека Колдинг игра многу добро надвор од дома, така беше во Барселона, во Монпелје и во Кјелце. Знаевме дека треба да играме 100 посто. На почеток имавме супер одбрана, Арпад беше одличен и со неговите одбрани можевме да искористиме контранапади. Првото полувреме беше одлично го завршивме со 10 разлика. Потоа во второ беше добро, но не колку во првото-завршува Гонзалез.
Искусниот пикер на црвено – црните Алем Тоскиќ кој ја игра последната сезона во црвено – црниот дрес за мечот со данскиот претставник во ЕХФ лигата на шампионите го искажа својот став, Алем вели :
- Мислам дека и пред почетокот важевме за фаворит на овој меч, но знаевме дека е незгодно да се игра во таква улога. Раул одлично нѐ подготви за овој незгоден противник, работевме седум дена и одигравме така да не дојде во прашање победата во ниту еден момент. Мислам дека ја израдувавме публиката и дека е задоволна со оваа наша партија- изјави Алем Тоскиќ