Генерацијата 2009 на ФК Вардар е освојувач на турнирот „Пирин Куп“ кој од 12.февруари се играше во градот Сандански.
Денес е последниот натпреварувачки ден на турнирот, на кој се играа завршните натпревари. Вардар го освои турнирот во генерацијата 2009, откако во големото финале успеа да ја победи екипата на Спартак Пловдив со резултат 2:0. Денес кобен за противничката екипа се покажа Коста Бошковски кој ги постигна двата гола во големото финале. Нашите млади надежи се покажале како подобри на теренот, освен постигнатите голови имале уште неколку добри шанси за погодок, а на нашиот гол се истакна Лука Грчевски кој имаше две добри одбрани по сериозни шанси на Спартак.
Вардар на турнирот одигра вкупно пет натпревари, од кои четири ги доби во своја корист, додека само еден го загуби. Честитки до вардаровите момчиња за освоениот златен медал.
Генерацијата 2007 и 2008 на Вардар го освоија бронзениот медал на турнирот. Во малото финале генерацијата 2007 беше подобра од Спартак Плевен со резултат 3:0, со двата гола на Петар Давитов и еден на Дамјан Буцевски.