Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > “Дежа ву“ Шкендија го чека ФК Вардар во 1/4-финалето од Купот
“Дежа ву“ Шкендија го чека ФК Вардар во 1/4-финалето од Купот

“Дежа ву“ Шкендија го чека ФК Вардар во 1/4-финалето од Купот

Дали случајно или можеби не, но Вардар и Шкендија не можат да избегаат од судбината да играат меѓусебе во Купот на Македонија. Минатите  сезони  редовно се среќаваа во осминафиналето и четвртфиналето  па така можеби ќе биде и оваа сезона.

Денес се одржа ждрепка во Фудбалската федерација на Македонија за четвртфиналните двојки. По крајот на истата е познато дека   Шкендија да го чека победникот од дуелот помеѓу Вардар и Шкупи. Оваа осминафинална пресметка беше одложена поради настапите на Вардар во Лигата на Европа.