Вардар ги дозна своите противници во групната фаза во Лигата на Европа. Најзвучно фудбалско име кое ќе дојде во Скопје е тимот на Зенит. Рускиот тим е предводен од Италијанецот Роберто Манчини кој во минатото беше тренер на славните Манчестер Сити и Интер.
Во тимот на Зенит има голем број на квалитетни играчи. На голот во рускиот шампионат брани Лунев, во одбраната играат играчи како Бранислав Ивановиќ, прославениот играч на Челзи, Доминико Кришито, како и новиот играч Мамана кој дојде од Лион ова лето. Средината на теренот ја контролираат новите засилувања Паредес и Кранвитер. За првиот тимот на Зенит плати високи 25. милиони евра на Рома. Покрај овие играчи тука се и искусните Нобоа, Жирков и Шатов. Прва sвезда во нападот на Зенит е рускиот репрезентативец Кокорин, покрај него тука се и Аргентинецот Дриуси како и искусниот Џуба.
Зенит по седум одиграни кола во домашниот шампионат се наоѓа на лидерската позиција со 19. освоени бодови и ниту еден пораз.