Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите ќе играат во разигрувањето за 5.место на турнирот во Србија
Пионерите ќе играат во разигрувањето за 5.место  на турнирот во Србија

Пионерите ќе играат во разигрувањето за 5.место на турнирот во Србија

Пионерите  ќе се борат за петто место на силниот меѓународен  турнир во соседна Србија “Belgrade Handball Challenge“. Тие денес од  19-00 часот според  распоред ќе играат меч со екипата на РК Раковица. Победникот на натпреварот ќе игра во дуелот за 5-то односно, 6-то место.

Вчера попладне во последниот натпревар од групната фаза избраниците на Андријана Будимир ги победија врсниците од екипата на Павлеки со резултат 29-14. Претходно најмладите ракометари на Вардар, на вториот ден од турнирот Belgrade Handball Challenge, изгубија од Дубрава со 15-19 (6-9). На првиот натпреварувачки ден, ден претоа поионерите под водство на Будимир забележаа една победа и пораз. На првиот натпревар за противник го имавме тимот на Рудар, кој го победивме со еден гол разлика (15:16). Потоа одигравме уште еден меч и тоа дербито против екипата на Партизан. Овој интересен натпревар го загубивме минимално со резултат 17:19. Со овој скор од две победи и два пораза во групата обезбедивме натпревар во разигрувањето од 5-8.место на овој силен меѓународен турнир.