Противникот на Вардар во Лигата на Европа, тимот на Зенит одигра само 0-0 на генералната проба пред дуелот со нашиот шампиони.
Тимот на Роберто Манчини одигра доста слаб натпревар иако се очекуваше Зенит да стигне до лесна победа. Според бројките, Зенит упатил само два шута во рамките на голот на Динамо Москва. Ова беше второ реми за Зенит во серија по нерешениот резултат 0-0 со Ростов.
Се надеваме дека серијата на Зенит без постигнат гол ќе продолжи и на натпреварот во Скопје во четврток.