Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Турингер е последниот противник за Вардарки во групната фаза од ЛШ
Турингер е последниот противник за Вардарки во групната фаза од ЛШ

Турингер е последниот противник за Вардарки во групната фаза од ЛШ

Екипата на Турингер е последниот противник за ЖРК Вардар во групната фаза од лигата на шампионите. Германките излегоа како победник во втората квалификациска група, во која беа уште и екипите на Хипо, Мекалиа Атлетико Гуардес и Хорс 65. Во финалниот натпревар Турингер беше подобар од екипата на Хорс со резултат од 33:24.

Со Турингер ќе се сретнеме во второто коло и тој натпревар треба да го одиграме на домашен терен, во периодот од 13-15-ти октомври. Против истиов противник ја заокружуваме групната фаза на 17-ти ноември, меч кој ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански. Останатите противници ни се познати, а тоа се екипите на ФТЦ Будимпешта и Ларвик.