Згуснат распоред го очекува црвено-црниот фудбалски колектив до крајот на оваа 2016 година, ни престојат четири меча за десет дена. Вчера, во среда одигравме меч во Купот на Р.М, гостувавме кај екипата на второлигашот ФК Металург. Лесно триумфиравме со 1-4 (видео). Веќе во недела на 27/11 не очекува нов дуел, домаќини сме на тетовска Ренова во меч од 16.коло во првата лига.
Потоа за три дена играме в гости кај Пелистер, па дома го пречекуваме Силекс. Последен меч оваа календарска година од официјален карактер е реванш дуелот во купот. По 15 кола имаме 34 бода и сме на “плус четири“ од Шкендија. По “киксот“ со Работнички мора да се вратиме на победничките патеки. И покрај трите примени гола од “Романтичарите“ ја имаме најдобрата одбрана во лигата, сепак ова место го делиме со Пелистер кој како и нас има 9 примени погодоци. Кај офанзивата паднавме на позиција два со дадени 28 гола, пред нас е Шкендија со гол повеќе од нас.
Распоред за следните четири натпревари последни во 2016 година, три во ПМФЛ и последниот во Купот на Република Македонија.