Викендов кој следи не очекуваат нови натпревари на ракометниот и фудбалскиот клуб Вардар. Екипата на РК Вардар во сабота го игра осмото коло од лигата на шампионите против екипата на Рајн-Некар. Многу важен меч за нашиот шампион, кој со триумф би си ги зголемил шансите за првото место на крајот од најсилната група Б. Во недела важен натпревар игра и екипата на ФК Вардар, кој по поразот од минатото коло против Работнички не смее да си дозволи нов “кикс“, затоа сите сили ќе ги насочат кон мечот со Ренова. Овој дуел е закажан да се одигра во недела од 13 часот. Верните подржувачи на клубот, популарните “Комити“ најавуваат присуство на двата натпревари, на кои цената на билетот со членска ќе изнесува 50 ден, додека без членска карта е 100 ден.
Уште поголем повод за Комити овој викенд е прославувањето на 17 години постоење на подгрупата “Лојал Фанс“, кој својот јубилеј ќе го обележат на неделниот натпревар на ФК Вардар.
Карти за натпреварите и членски карти можете да купите во ново отворениот ФАН ШОП во центар. За тие со членски, карти можат да се набават исклучиво во ФАН ШОП, гласи во соопштението на Комити.
КОМИТИ ЗАПАД !!