Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Најважно е да победиме, макар и со еден гол разлика – Стоилов: Ова е добра шанса да покажеме дека сме голем клуб и да ја потврдиме одличната форма во Скопје
Гонзалес: Најважно е да победиме, макар и со еден гол разлика – Стоилов: Ова е добра шанса да покажеме дека сме голем клуб и да ја потврдиме одличната форма во Скопје

Гонзалес: Најважно е да победиме, макар и со еден гол разлика – Стоилов: Ова е добра шанса да покажеме дека сме голем клуб и да ја потврдиме одличната форма во Скопје

Нов натпревар во десет дека за екипата на РК Вардар против силниот бундеслигаш и шампионот на оваа земја, тимот на Рајн-Некар. Црвено-црните славеа на првиот меч одигран на гостински терен и во сабота ги очекува нов дуел против силниот противник, кој ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански. Свесни за важноста на овој меч од Вардаровиот табот најавуваат претпазливост и сериозен пристап на мечот. Под знак прашалник е настапот на Карачиќ и Абутовиќ, кој го пропуштија натпреварот во СЕХА-лигата, против екипата на Металург. На прес-конференцијата во пресрет на овој натпревар се обратија тренерот Гонзалес и капитенот Стоилов кои ги искажаа очекувањата за саботниот натпревар.

-Одигравме добар натпревар против Рајн Некар пред десетина дена на гостински терен. Ако сакаме да успееме треба да ја искористиме оваа ситуација, но мораме да ги почитуваме бидејќи тие се добар клуб. Вчера играа против Минден и победија со многу голема разлика. За нас е важно да победиме макар и со еден разлика, а не да се фокусираме да бркаме поголема победа. Денес на тренингот попладне ќе ја видам ситуацијата со Илија Абутовиќ и Игор Карачиќ. Треба да се фокусираме ако сакаме да победиме и да го искористиме моментот. Кога играш и губиш со многу разлика треба да смениш нешто затоа очекувам дека тие ќе дојдат со нова тактитка, но ние се подготвувавме за секој натпревар 100 отсто и не знаеме дали ќе победиме 10 или ќе изгубиме со 1 гол, изјави Раул Гонзалез.

Капитенот најави претпазливост пред овој меч, без разлика што славевме убедливо на гостувањето во Германија.

-Не очекува Лигата на шампионите против Рајн Некар. Овој натпревар доаѓа по градското дерби со Металург, кој беше тежок дуел, но знаевме дека ќе биде така. Сега сите погледи ни се насочени кон натпреварот против Рајн Некар. Таму одигравме совршен натпревар, што не значи дека ќе биде така и тука. Атмосферата е одлична ова е добра шанса за нас да покажеме дека сме голем клуб и да ја потврдиме одличната форма во Скопје, рече капитенот Стоилов.