Ново коло во големиот проект ракометна Вардар Јуниор лига е на програмата во недела, 27.11.2016. Центар на збиднувањата ќе биде С.р.ц “Кале“ во Скопје, каде ќе се одигра дел од 5-то коло од Вардар Јуниор лигата. Овие мечеви во недела се само дел од ова коло, бидејќи останатите натпревари од истото е планирано да се одиграат следниот викенд.
Во овој натпреварувачки ден членови на 18 екипи ќе учествуваат во возбудувањата во салата Кале. Дуели ќе има во за генерациите 2000/2001 каде ќе има мечеви само на дамите, потоа во генерација 2002/2003 дуели ќе има и во машка и во женска категорија, во двете категории ќе има натпревари и кај генерација 2004/2005.